Изминативе три дена опожарени осум контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје

Во текот на изминатите три дена, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје забележа интензивна појава на опожарување на садовите за собирање на отпадот. Само на 9-ти овој месец се опожарени пет контејнери на три локации во општината Карпош – две на булеварот „Партизански одреди“ и една на ул. „Московска“.
Во текот на вчерашната ноќ гореле два контејнера кај хотелот „Карпош“ во Општината Карпош, како и еден на главната улица во Општината Ѓорче Петров. Најголемиот дел од опожарените контејнери се целосно уништени и утринава беа заменети со комплетно нови садови.
- Покрај финансиската штета што му е нанесена на претпријатието, опожарувањето на контејнерите предизвикува големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот. Апелираме до Инспекторатот на Градот Скопје и инспекциските служби при општините да преземат засилени мерки за надзор и санкционирање на сторителите на овие инциденти, со цел – да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
