Изминатата недела во Скопје отстранети 332 непрописно паркирани возила
Во текот на изминатата недела, во периодот од 19 од 26 декември, со специјалните возила пајак во Скопје се подигнати вкупно 332 непрописно паркирани возила, од кои 59 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 273 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци – паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 485 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг -услуга. Од нив, 59 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг – услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, се наведува во соопштението на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир