-->
-->
Измерена највисоката температура во Македонија - 45,7 степени во Демир Капија
-->
Деновиве повторно главна тема на разговор е топлото време. За да нема нагаѓања и чаршиски муабети решивме да направиме листа на апсолутно највисоката измерена температура во месец јули. Мерењата, нормално, се направени на метеоролошките мерни станици во склоп на УХМР. Во принцип рекордите се со пола-пола зачестеност помеѓу јули 1988 и јули 2007 година.
45,7°С Демир Капија
45,3°С Гевгелија
43,5°С Штип
43,4°С Струмица
43,4°С Скопје (З.Рид)
41,5°С Прилеп
41,2°C Битола
40,2°С Крива Паланка
39,0°С Берово
37,5°С Охрид
34,2°С Маврово
34,1°С Лазарополе
Рекордната температура од Демир Капија е постигната на 25 јули 2007 година, и таа температура е и највисоката температура измерена во Македонија од кога се започнати метеоролошките мерења.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна протестот на вработените во ФЗОМ
-
Парламентарни избори 2024 - се заострува реториката помеѓу партиите
-
Пендаровски и Силјановска и денеска на терен
-
140 социјално загрозени семејства од Прилеп ќе добијат пакети храна и пари пред Велигден
-
Еколошките здруженија реагираат на загадувањето на Охридското Езеро
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите