Македонија
2. September 2015 - 16:35

Измените на Законот за сообраќај влегоа во собраниска процедура

Намалување на максимално дозволената брзина во и надвор од населените места, возење со светла во вечерните, утринските часови и кога видливоста е намалена како и задложително користење на детско седиште до 5 години. Ова се само мал дел од предлозите во законот за сообраќај кој влезе во собраниска процедура.

Целта на законот е да се регулираат досегашните пропусти и да се усогласат македонските закони со европската регулатива.

Во јавната расправа за предлог законот за безбедност во сообраќајот во вклучија пратениците а своие забелешки има и претставниците на мотоциклистите и автомобилистите.