Изменет сообраќаен режим во Скопје
Денеска (22.09.2021 - среда) со почеток од 11.00 часот, во организација на Град Скопје–Сектор за сообраќај, ќе се одржи настан под наслов „Ден без автомобили“ организиран со цел одбележување на Европската недела на мобилност 2021.
Трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“, лево по бул.„ВМРО“, десно по бул.„Партизански Одреди“, десно по бул.„8-ми Септември“ и десно по бул.„Илинден“ до Градски парк (школка).
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11.00 часот до завршување на настанот ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот