Македонија
4. December 2025 - 14:10

Измама со лажен несреќен случај, измамена 70-годишна битолчанка за сума од 20.000 евра

На 03.12.2025 во 10:19 часот во СВР  Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да и се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна откако ѝ се јавила нејзината ќерка сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.