Изложбата „Темната страна на римската историја“ гостува во Музејот во Подгорица
ЈУ Музеј на град Скопје во периодот од 28.10. до 23.11. 2019 година ќе гостува во ЈУ Музеи и галерии на Подгорица – Црна Гора со изложбата: „Една слика за темната страна на римската историја, Скупи - гробница со масовно погребување / архео - антрополошка и форензичко – антрополошка презентација“.
Изложбата и каталогот се реализирани со финансиска подршка на Град Скопје, а во соработка со Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје и ЈУ Музеи и галерии на Подгорица.
На изложбата ќе бидат презентирани резултатите од истражувањата на едно исклучително и несекојдневно откритие од Југоисточната некропола на римската колонија Скупи (Colonia Flavia Scupinorum). Станува збор за масовна гробница во која биле погребани околу двеста возрасни мажи, некогашни храбри војници, припадници на непобедивата римска воена камарила, од кои повеќето биле насилно усмртени, најчесто со обезглавување/декапитација на жртвите. Изложбата на некој начин претставува пионерски потфат како во однос на мултидисциплинарниот пристап поради паралелната примена на археологијата, физичката и форензичката антропологија, така и поради мултимедијалниот начин на презентација со примена на повеќе класични и современи уметнички дисциплини (фотографија, видео, дводимензионални и тродимензионални реконструкции на лицата ).
Ново на Сител
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување