Изложба „Живот во бои 2“ од Андријана Мациев во Кочани

Во Изложбениот салон 2 на Центарот за култура „Бели мугри“ во кочани синоќа беше отворена изложбата под наслов „Живот во бои 2“ на авторката Андријана Мациев од Скопје.
На изложбата во Кочани која побуди голем интерес кај љубителите на ликовната уметност, се поставни 15 сликарски платна, дела во кои е прикажано ликовното доживување на бојата на авторот. Оваа изложба е дел од вториот циклус „Живот во бои 2“, каде авторката го прикажува своето ликовно истражување во бојата.
На отварањето на изложбата „Живо во бои 2“ пред присутните зборуваше Александра Димитрова, директор на Центарот за култура и истата ќе биде отворена до 20 септември 2017 година.
Андријана Мациев е родена на 16 септември 1980 во Скопје. Средно образование завршила во Училиштето за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, а дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, Одделот графика во класата на професорот Димитар Малиданов.
Таа е член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Здружението „Широка стаза“ од Земун. Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби, манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од државата. Добитник е на повеќе награди.
Ново на Сител
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
