Македонија
3. December 2015 - 9:20

Изложба за современата македонска архитектура во Софија

Во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија вечер ќе биде отворена изложба насловена „Современа македонска архитектура 1950-1995" организирана во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Изложбата е посветена на 25 архитекти, членови на Архитектонската Академија при ААМ.

Архитектонската академија на ААМ е институција во која членуваат архитекти, добитници на наградата за животно дело од областа на архитектурата и градителските вештини „Андреја Дамјанов“. Наградата се доделува еднаш годишно на видни архитекти кои со своето дело, опус и авторитет постигнале врвни резултати во полето на архитектонското проектирање, градителство и урбанизам и со тоа придонеле за афирмација на архитектурата како во Македонија, така и во меѓународни рамки. Наградата а воспоставена во 1989 година.
 
Изложбата е дел од годишната Програма за 2015 година на КИЦ во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.