Изложба од деца со попречености - последна од проектот „Уметност за сите“

Деца со различни видови попреченост во изминатите две години беа вклучени во проектот „Уметност за сите“ – најголем од областа на едукацијата што досега го организирала Националната галерија. Тој беше заокружен денеска во Чифте амам со изложба на дела од последната, четврта работилница од проектот – насловена „Јас и ти, едно сме“, на која беа претставени нивни уметнички креации на чадори.
Од претходните три работилници, од 2017 до 2019, произлегоа изложбите „Од мој агол“, „Дај му форма на животот“, „Пролет, лето,есен, зима…и повторно пролет“ кои прикажаа различни уметнички творби – фотографии, предмети од глина, акрил на платно… што ги изработија деца со аутизам, ученици од училиштата за деца оштетен слух и вид…
Проектот, кој опфати и две трибини, беше финансиран преку програмата МАТРА на Амбасадата на Холандија и имаше голема поддршка од поранешниот холандски амбасадор Ваутер Пломп, во чиј мандат почна да се реализира.
Координаторката на проектот и кустос во Националната галерија Маја Димитрова на отворањето на завршната изложба се заблагодари на Амбасадата на Холандија што со овој проект им дала шанса на многу деца и можеби внела радост во многу семејства и поради тоа што на целата јавност, како што рече, овој проект и покажа дека овие деца знаат, можат, умеат и не се ништо поразлични од другите.

Зборувајќи за вредностите на Европската Унија, актуелниот холандски амбасадор Дирк Јан Коп истакна дека крајната цел во интегрирањето е да се има земја во која секој ќе сака да живее и ќе биде среќен.
-Тоа е земја во која сите имаат еднакви права и никој не е над законот, и во која има простор за луѓето што имаат посебни потреби. Затоа овој проект е толку важен бидејќи тој е насочен кон луѓето со посебни потреби. За нив да постои систем во кој има целосен пристап до образованието, рече Јан Коп, според кого културата и уметноста се начините да се подигне свеста за потребите на овие луѓе.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар го истакна значењето на проектот поради придонесот за социјализација на луѓето со посебни потреби и рече дека јавноста не треба само на меѓународниот ден (3 Декември) да се потсетува за нивните права, достоинство и благосостојба.
-Да се подигне јавната свест за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект на животот, порача Бајрактар.
Ново на Сител
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
