Изложба на Зоран Арсовски – Бабата во „Културно - Информативниот Центар на Македонија“ во Софија
Неодамна во "Културно - Информативниот Центар на Македонија" во Софија Р. Бугарија беше отворена самостојната изложба на академски ликовен уметник Зоран Арсовски – Бабата од Куманово со наслов " Тектонски пореметувања" на која се поставени 64 уметнички слики од најновиот опус на Арсовски. Овој проект е дел од годишната програма за 2019 година на Министерството за култура на нашата држава. Изложбата во Софија ќе биде поставена до крајот на месец октомври а влезот за посетителите е бесплатен.
По успешното претставување на најновото ликовно творештво на Арсовски во Србија и тоа во Белград во престижната "Галерија Белградска тврдина на Калемегдан", "Домот на културата" во Књажевац и "Галеријата за современи уметности" во културниот град Кучево, проекти за кои тој конкурираше самостојно и индивидуално на конкурсите за 2019 година кои беа јавно објавени од овие Национални Установи, беше избран од страна на нивното стручно уметничко жири да биде дел од годишната програма за 2019 година.
За разлика од претходните проекти овој пат со оваа изложба Арсовски ја претставува нашата држава и современата македонска уметност во бугарската престолнина Софија под покровителство на нашето Министерство за култура која е дел од годишната програма за 2019 година.
Биографија:
Зоран Арсовски - Бабата е роден 1980 година во Куманово. Дипломирал 2005 година и Магистрирал 2007 година на Националната ликовна акдемија во Софија, насока „Сликарство“ во класата на професорите Станислав Памукчиев и Божидар Бојаџиев. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Работи во Национална установа центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Досега има реализирано 11 самостојни изложби и има учествувано на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти, симпозиуми во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата