Македонија
3. December 2016 - 9:39

Изложба на уметнички дела наследени од сукцесијата на поранешна СФРЈ

Во мултимедијалниот центар Мала станица вечер ќе биде отворена изложбата „Уметнички слики од македонски автори наследени во процесот на сукцесија на поранешна СФРЈ“.

Ќе бидат изложени 46 уметнички дела од македонски автори преземени како движен имот во сукцесијата која и припадна на Република Македонија. Делата се донесени од над 20 држави.

Меѓу уметничките дела се наоѓаат и слики од Мартиновски, Личеновски, Коџоман, Мазев, Кондовски, Куновски, Темкова, Хаџи Бошков и Перчинков.