Изложба на скулптури од Џезаир Реџепи во Чифте амам

Националната галерија на Македонија вечер од 20 часот во Чифте амам ќе отвори самостојна изложба на скулптури од Џезаир Реџепи.
Академската наобразба Реџепи (1983) ја добил на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, а по дипломирањето работи во Конзерваторскиот центар во Гостивар.
- Покрај конзерваторската активност, забележително е и неговото авторско творештво. Во потрагата за наоѓање сопствен визуелен израз, Реџепи во скулптурата се движи во областа на апстрактно-геометризираната скулптурална форма и спојот - како на формите, така и на материјалите. Тој негува пластични структури со извесни семантички и асоцијативни белези, соопшти НГМ.
Најчести материјали што ги употребува авторот во своите дела се полиестер, метал, дрво... како и комбинирање на материјалите.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Отворени врати за идните средношколци
-

Обуки и развојни решенија вработените во јавниот сектор и малите и средни бизниси можат да добијат на ФЕИТ
-

Преглед на вестите од светот
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
