Изложба на копии од фрески и икони со ликот на Св. Климент Охридски

Во рамки на активностите што ги спроведува МАНУ за одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски, денеска во катералната црква „Света Софија“ во Охрид беше отворена изложба на копии на фрески и икони со ликот на светецот од црквите и манастирите во Македонија и во соседните држави.
Претседателот на МАНУ Таки Фити во обраќањето пред присутните, меѓу кои и претседателите на академиите на науките и уметностите од Бугарија, Србија, Албанија, Словачка, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, претставници на Чешката академија на науки, изрази задоволство што оваа година чествувањето по повод големиот јубилеј и централните настани поврзани со одбележувањето на 11-те века од смртта на Свети Климент ги организира токму МАНУ.
- Изложбата „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност во Македонија и соседните земји“ е извонредна збирка на икони со ликот на светецот, во избор на академик Цветан Грозданов, наш познат и светски афирмиран византолог, човек во чија научна дејност доминираат теми врзани со Охридската архиеписокопија, со епохата иа Свети Климент, на Свети Наум..., рече Фити.
Академик Грозданов рече дека му е особено драго што неговата научна екипа од Центарот за културно наследство на МАНУ, заедно со колегите од соседните земји, досега има идентификувано повеќе од сто портрети на Свети Климент Охридски во Македонија и во дел од соседните земји.
- Најпрво тие се откриени во Охрид од каде зрачи култот негов, но ги има и во цела Македонија, потоа во јужна Србија, во Егејска Македонија, на Атос во Света Гора, и во Албанија во регионот на Корча, Елбасан, Мала Преспа, рече Грозданов, појаснувајќи дека денеска се изложени само 30 портрети, а дополнително ќе биде објавена и книга со сите досега откриени негови портрети.
Академик Грозданов рече дека 1100 години Охрид живее во слава на големиот светец, патронот на градот, првиот епископ македонски, творец на словенската писменост и култура и прв ученик на светите солунски браќа Кирил и Методиј.
- Имаме одлични проучувања на наши колеги од Грција, Србија, Албанија и соработката во научните кругови е совршена, доколку се исклучат политичките пречки. Инаку, изненадува што досега не е откриен ниту еден портрет на Свети Климент во Бугарија, нагласи академик Грозданов.
Чествувањата по повод јубилејот 1100 години од смртта на Климент Охридски продолжува вечерва со свечена академија насловена „Корените на словенската цивилизација“ која во 21 часот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
