Изложба на карикатуристот Јордан Поп Илиев и концерт на „Дуо Скупи“
Во галеријата Мала станица вечер во 20.30 часот во рамки на фестивалот „Скопско лето“ ќе биде отворена ретроспективна изложба за 50 години творештво на карикатуристот Јордан Поп Илиев.
- Оваа изложба ја чекав 50 години. Далечната 1981 година „Остен“ ми направи прва изложба на карикатури, долго објавував низ светот, Скопје го оставав на страна или тоа ме оставаше на страна. Последните години ја подготвував изложбата и „Скопско лето“ ја прифати мојата ретроспективна изложба за 50 години карикатура, рече на прес-конференција Поп Илиев кој во половина век кариера добил околу 140 меѓународни признанија.
На Факултетот за ликовни уметности - Сули ан од 21 часот концерт ќе одржи „Дуо Скупи“ составено од флејтистката Јета Старова-Мехмети и виолинистот Ермаљ Мехмети. Тие ќе изведат композиции од проектот „Македонски звуци 2“ - преработки на македонски стари песни и ора.
На „Скопско лето“ утревечер ќе почне и веќе традиционалната содржина на летниот фестивал - „Кафе кино“. Во наредните десет дена во Сули ан од 21 часот ќе бидат прикажувани најнови филмски остварувања. Прва на оваа филмска програма е проекцијата на американскиот музички документарец „Битлси: осум дена во неделата“ од 2016 година.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода