Изложба на Јасмина Руневска во Прилеп

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер од 19.30 часот ќе биде отворена изложба „Превдомување“ на прилепската уметница Јасмина Руневска.
Станува збор за инсталација - имитација на дом преку затворена композиција, изработена со метална конструкција и саргии. Инсталацијата е во вид на кружна соба исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, миризби со цел гледачот да се воведе во приказната за амбиентална уметност.
Центарот за култура соопшти дека визуализацијата на домот раскажува нешто повеќе за идентитетот, традицијата и колективното несвесно.
- Делата на Руневска ги истражуваат проблемите на современиот женски идентитет преку меморијата и јазикот. Тие се состојат од мали субјективни приказни кои се движат помеѓу објекти, линии, зборови, звуци и претставуваат отворени дела кои оставаат простор за повеќеслојно исчитување, соопшти прилепскиот Центар за култура за изложбата на Руневска која досега се претставила и во Индија, Франција, Турција, Србија.
Ново на Сител
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
