Изложба на Ѓорги Ризов во Холандија

Во културниот центар „П60“ во Амстелвен, Холандија, синоќа беше отворена изложбата на македонскиот сликар Ѓоко Ризов.
На изложбата се презентирани 12 дела направени во техника масло на платно.
Поставката ја отвори македонскиот амбасадор во Холандија, Игор Попов, кој за Ризов истакна дека инспирацијата ја црпи од секојдневието, луѓето и опкружувањето, видени од поинаква перспектива.
- Преку сликите, Ризов директно и безкрупулозно ја поставува асиметричноста и хаосот како културолошки феномен на опсервација. Тоа е очигледно не само во композицијата на сликата, туку и во креирањето нестандардни форми од: рамки или слика во слика со тридимензионални елементи. Сето тоа го означува стремежот за бегство од конвенционалноста, суровата реалност, стереотипноста, како отпор кон придржување на традиционалните форми на создавање уметност, а наместо тоа тој создава нови светови во кои токму таа реалност е поинакво и поубаво место за живеење, се наведува кон изложбата.
Изложбата ќе биде отворена до први април, 2017 година.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
