Изложба на фотографии од Александар Радически
![]()
Фотографот Александар Радически синоќа ја отвори новата изложба на фотографии на која престастави дел од неговото творештво. Во центарот за култура АСНОМ во Гостивар, љубителите на уметноста имаа можност да видат и колекција од декоративни слики, украси изработени во дрво и други природни материјали кои овој уметник ги изработил.
На втората самостојна изложба на Радически насловена „Фокус“ се сместени фотографии направени на повеќе локации во земјава и други држави каде што патувал и престојувал. Мотивите се инспирирани од животинскиот свет и растителниот свет со поинаква перспектива.
– Урбаната приказна на младиот фотограф претставува комбинација од ликовни моменти, сцени и предмети од секојдневниот живот кои сами по себе претставуваат современа композиција која плени со својата спонтаност и едноставност и ни дава дискретен критичен поглед на нашето секојдневно и живеење и постоење, вели ликовниот уметник и критичар Ратко Богданоски.
Изложбата се реализра со поддршка на Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
-

Почна изградбата на автопатот од Букојчани до Кичево, ќе биде готов за 4 години
-

СДСМ: Анкетите на Мицкоски го кријат растот на рејтингот на СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Филипче е 3%
-

МВР во акцијата на Интерпол „Тригер Икс“ заплени оружје, муниција, бомби
-

ВРЕДИ: Шестмина полицајци се суспендирани, никој не може да избега од одговорност
-

Над 350 документи и услуги достапни преку центрите за услуги
