Изложба на детски цртежи од ликовниот конкурс на „Ладна“
Во мултимедијалниот центар Мала станица до 15 јуни е отворена изложба на цртежи од деца пристигнати на третиот ликовен конкурс што го организираше компанијата за вода „Ладна“.
Годинава децата цртаа на тема „Животните и водата“, а стручно жири ги оценуваше трудовите во две категории - на деца од 4 до 7 години и цртежи на деца од 7 до 10 години.
На отворањето на изложбата беа доделени награди за најдобрите цртежи - две тридневни патувања во забавниот детски парк Дизниленд во Париз, два годишни курса за цртање и два таблети за цртање.
Организаторите на конкурсот истакнуваат дека цртањето е една од најинтересните активности на децата кои им ја поттикнуваат фантазијата, но и ја развиваат моторичката способност и координација на рацете што, пак, е поврзана со развојот на интелигенцијата.
- Детето на овој начин ќе научи да размислува логички, ќе има подобро помнење, внимание и поврзан говор. Имајќи ги предвид ваквите предности, пред три години „Ладна“ креираше детски ликовен конкурс кој имаше токму за цел да ги поттикне децата на оваа корисна и забавна активност, истакнуваат од „Ладна“.
Ново на Сител
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот