Македонија
15. August 2015 - 9:13

Изложба на борбени средства и опрема на АРМ

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска ќе биде организирана изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ.

На изложбата граѓаните ќе можат да се дружат со припадниците на армијата и да ги разгледаат изложените материјално-технички средства, борбените возила, вооружувањето и транспортниот хеликоптер Ми-8/17 на АРМ.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија, а ќе ја посетат и министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.