-->
-->
Изложба на академскиот сликар Горан Менков во галеријата Флукс
-->
Академскиот уметник Горан Менков вечер во галеријата Флукс ќе се претстави со седма самостојна изложба насловена „Што е потребно да се постане дијамант?“, поддржана од Министерството за култура.
- Со оваа поставка авторот се доближува до големите нарации, предизвикувајки го апсурдот, трансендентирајки ги разликите меѓу формите суштински еднакви, дијамантот и графитот, кои се во основа само две варијации на еден елемент - јаглерод- темелот на сиот знаен живот. Дијамантот е најцврстиот материјал што му е познат на човекот. Низ целиот овој процес се доаѓа до одговорот на веќе поставеното прашање, општопознат но често заборавен - потребно е притисок и трпение за да се стане дијамант, соопшти организаторот за изложбата на Менков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Злато и пет бронзи на нашите таеквондисти на Меѓународниот турнир одржан во Солун
-
Папата Франциск откри дека бил цел на обид за самоубиствен напад за време на неговата посета на Ирак
-
До петок стабилно, викендот врнежи од дожд
-
Вонреден инспекциски надзор врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото бебе
-
Пронајдени 5.500 парчиња петарди во магацин во Куманово
-
Народна банка: Подготвени се Насоки за банките и Брошура за лицата со оштетен вид
-
Земјотрес почувствуван во Скопје, епицентарот на границата со Србија и Косово
-
И Али Ахмети во Косово