Изложба „Москва денес“ во Музејот во Кратово

Во галерискиот простор на Музејот на Кратово денеска беше отворена изложбата на фотографии „Москва денес“.
Изложбата е овозможена преку проектот „Музеум линк“ којшто се имплементира во 28 институции ширум Македонија, а е прва изложба во јули во организација на кратовскиот Музеј.
На отворањето присуствуваше и првиот секретар на руската Амбасада Михаил Лушин, кој изрази задоволство од големиот интерес за изложбата.
- Веќе следната недела ќе биде поставена и следната изложба за овој месец којашто се реализира во соработка со Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, изјави директорот на Музејот на Кратово, Илија Митевски.
Посочи дека изложбата е дел и од годишната програма на Домот на културата од Кратово со која се планирани десетина изложби.
- Кратово е редовна дестинација на бројни туристи, како во текот на целата година, така и во лето. Магнет е за туристи од разни краеви, најмногу од Англија, Холандија, Словенија, Германија, но и од Охрид, Скопје и други наши градови. Нашите водичи ги запознаваат туристите со историјата и културата на Кратово, а најпривлечни и специфични се градските кули, кои се атрактивни како градби, истакна Митевски.
Во шесте средновековни кули во Кратово редовно се поставени изложби со историски мотиви од минатото на градот на кули и мостови.
Ново на Сител
-

Цената на суровата нафта би можела да падне на 70 долари за барел
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
