Изложба „MK tradición NEW концепт“ на Јана Манева-Чупоска
Изложба составена од дванаесет објекти, во кои се испреплетуваат ликовното во модата, дизајнот и традицијата „MK tradición NEW концепт“ на Јана Манева-Чупоска ќе биде отворена вечер во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“.
Дванаесетте „модни објекти“, изработени од графички принт кој има улога на текстил, од стари семејни фотографии од Мијачкиот крај, со претстава на ликови облечени во традиционална народна носија, се третирани како објекти за интервенција од ликовен карактер.
Историчарот на уметност Елена Макаровска во текст за каталогот на изложбата пишува „ликовниот уметник и моден дизајнер Јана Манева-Чупоска, веќе подолго време се занимава со темата спојување на современото со традицијата. Иновативна и смела во своите ликовни и дизајнерски презентации, оваа уметница, кон уметноста воопшто пристапува секогаш со неконвенционални методи на прикажување на своите идеи. Тоа се докажува и во овој случај, во изложбата со наслов ,MK tradición NEW концепт’“.
Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата