Македонија
14. October 2016 - 11:58

Изложба фотографии со мотиви од Кочани

Со изложбата на фотографии со мотиви од Кочани поставена во Изложбениот салон на центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани, синоќа свечено беше отворено 25-то издание на мегународната стопанско културна манифестација „Кочански денови на оризот“.

- Започнуваме со уметнички дела поврзани со градот на оризот, отсликани низ фотографскиот објектив, дела што во себе вградуваат живот на едно време, една фотографија-илјада зборови, илјада сеќавања, илјада отпечатоци од животот. Со овој настан што го реализираме со здружението Локална акциска група Кочани и со општина Кочани сакаме да ставиме белег од ова време, од нашево место, од нашево Кочани, рече на отварањето на изложбата Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот за култура од Кочани.
 
Изложените фотографии се пристигнати по објавениот конкурс со натпреваруваки карактер. Првата награда и припадна на Лилика Стрезовска, втората на Ана Атанасова, а третата на Еми Ли Стјуард. Организаторот ги повика сите што ја сакаат фотографијата да го истражуваат Кочани со својот фотоапарат, затоа што тоа овековечено на фотографија носи цела сторија во себе.