Македонија
1. May 2021 - 16:37

Излетничките места останаа празни

-Нема скари, нема гужви. Пред пандемијата на Матка беше полно со народ. Денеска, на 1 мај ова излетничко место е полупразно.

Дали Ковид-19 или продолжениот празничен викенд ги избрка скопјани од традиционалните места за првомајски пикник. 

На Матка немаше друштва испоседнати околу реката со месо и добра музика туку само фамилии и посетители кои шетаа уживајќи во чистиот воздух. Велат атмосферата не е како порано кога имаше редици на автомобили уште пред влезот во селото.

-Нема народ се гледа, пусто е. Можеби и поради пандемијата народот е повнимателен да нема гужви. Дефинитивно ковидот го исплаши народот. Денес сме овде дека е празник, речиси сите се негде низ Македонија, велат граѓани.

Ретко имаше гости и во угостителските објекти на Матка, а од лошата состојба и непосетеноста се жалат и уличните продавачи.

-Нема гости нема посетители, ова не личи на први мај. Слабо е посетеноста нема посетители не е како порано... Порано било гужви, а денеска, денеска е катастрофа...

Слаба посетеност и во Градскиот парк каде во работни денови има повеќе луѓе. А оние кои шетаа уживаа во музиката на градскиот оркестар.

А денот на трудот празнично и пред Борис Трајковски. Во најголемиот пункт за имунизација има продолжен викенд и четири дена нема аплицирање на вакцини. Во останатите диспанзери во поликлиниките нема вакцинација во сабота, недела и понеделник. По празниците почнува масовната имунизација со кинеските вакцини и дневно од 10 до 15 илјади граѓани според најавите на Филипче ќе добијат вакцина.