-->
-->
Излегувањето на Каменос очекувано и не треба да влијае на ратификацијата на Договорот од Преспа
-->
Целосно oчекувано е излегувањето на Панос Каменос од Владата и тоа нема да влијае на усвојувањето на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент освен мало пролонгирање на неколку денови, коментираат високи владини извори за МИА.
Следува гласање за доверба на Владата и според најавите и политичките анализи од Атина премиерот Алексис Ципрас има мнозинство за тоа. Дебатата за гласање доверба во Парламентот трае 2/3 дена и веднаш по гласањето се очекува на дневен ред да биде ставена ратификацијата на Договорот од Преспа.
Се очекува да има парламентарно мнозинство и за Преспанскиот договор, а постапката на ратификација да трае 2/3 дена.
Според моменталната динамика, целиот процес во Атина треба да заврши до крајот на јануари. По ова веднаш следува и ратификација во грчкиот Парламент на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО откако ќе биде потпишан од амбасадорите на 29 земји членки. Овие процеси се очекува да течат според предвидената динамика и без одложување.
Грчкиот премиер Ципрас попладнево во изјава за медиумите потврди дека и формално е поднесено барањето за гласање доверба на Владата. Тој е уверен дека ќе добие довербата од пратениците. Постапката во Парламентот почнува во вторник, а треба да заврши со гласање во четврток вечер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија