Македонија
15. December 2015 - 8:38

Излагање на Попоски пред собраниската Комисија за надворешна политика

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика.

На дневен ред е излагање на министерот за надворешни работи Никола Попоски во врска со актуелните прашања од областа на надворешната политика, како и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.