-->
-->
Изјава на претседателот Ѓорге Иванов по гласањето на изборите
-->
По гласањето на избирачко место во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов изјави дека очекува овие локални избори да поминат во мирна, демократска и фер атмосфера.
- Денес кога се избира локалната власт, граѓаните може да ги изберат оние кои за време на изборните кампањи им понудиле дека ќе им го подобрат нивниот живот и услови за живот, бидејќи реалниот живот секојпат е на локално ниво и граѓаните очекуваат тие што ќе ги изберат да им го подобрат квалитетот на животот, рече Иванов.
Очекувам и овие избори како и сите досегашни, додаде Иванов, да покажат зрелост кај граѓаните и да покажат дека како одиме во секои избори, така напредуваме и ја збогатуваме демократијата и понудата за граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот