Изјава на директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Садула Усеини
Откако во јавноста ревизорите ги изнесоа своите наводи дека се губи крв од крводарителските акции поради лошите услови во кои биле чувани, директрот на Институтот за трансфузиона медицина, Саула Усаини изјави дека крвните компонентни се чуваат на соодветен начин според правилата.
Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално изјавата на директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Садула Усеини.
Во однос на начинот на чување на даруванат крв изјавуваме дека крвта односно крвните компоненти се чуваат на соодветен начин според правилата на чување на крв и крвни компоненти. Крвта се прибира со крводуравање како полна крв и истата во нашата Установа се процесира во следните компоненти:
1.Еритроцитен концентрат( црвени крвни зрнца)
2,тромбоцитна маса( крвни плочки)
3.плазма
Еритроцитниот концентрат се чува во соодветни услови односно во посебни фрижидери на + 4 степени целзиусови со рок на траење од 35 до 42 дена во зависност од содржината на конзервансот во кесите.
Тромбоцитна маса се чува во посебни агитатори на собна температура со рок на траење до 5 дена.
Плазмата се смрзнува на – 80 степени целзиусови а се чува на – 20 до – 30 степени целзиусови во посебни фрижидери и комори за чување на свежо смрзната плазма со рок на траење од 6 месеци до 3 години ( – 20 степени до 6 месеци, над – 30 степени до 3 години)
Ние во Установата имаме Годишен план крводарителски акции во кој точно е предвидено датумот и локацијата на крводарителската акција,кој е изготвен од законските чинители ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина и Црвен Крст на Р.Македонија .Во тој план е предвидено рамномерно распоредување на акциите за дарување се со цел да има континуиран прилив на крв и крвни компоненти.А тоа ни овозможува и рационално користење на истите. Значи Установата е должна во секое време да има доволни количества на крв и крвни компоненти. Дообјаснуваме во однос на еритроцитниот концентрат кој има рок од 35 до 42 дена не секогаш во целост може да се искуристи до предвидениот рок, а тоа претстувавува проблем и во поразвиените земји.Но и покрај ова се прават напори од Установата во соработка со Црвениот Крст да се откажуваат,презакажуваат или да се намалат по број на дарување. Но како што напоменавме дека останатите продуктите како тромбоцитна маса и свежо смрзната плазма се користат во целост. Затоа направена е стратегија за развивање на посебните видови на дарување каде се дарува крвна компонента како што се тромбоцитен концентрат или плазма, за да не се случи во иднина да имаме вишок на еритроцитен концентрат.Во ова насока имаме развиена тромбофереза( дарување на тромбоцити) а и развивање на плазмафереза( дарување на плазма) доколку се појави недостаток од истата., а да се намали дарувањето на целокупна крв.
Во објавата прочитавме дека кесите за крв се неквалитетни, што даваме демант дека тоа не е вистина.Станува збор за кеси кои се од врвен квалитет од реномиран производител и истите се користат во Европските Земји.Нормално при процесирање на крвта може да се случи оштетување на кесата ( редок случај) и истата се отсранува и не с е користи( елиминира) согласно меѓународните правила и прописи. Истотака елиминација на крв во согласност со законот за безбедност на крв и меѓународните правила се прави и во случаи кога се открива крвнопренослива болест: хепатит Б, хепатит Ц, ХИВ и сифилис.
Во однос на точката за прием и издавање на крв и крвни копмпоненти сакам да изјавам дека сме во процес на имплементација на информатичкиот систем за евиденција на крвните компоненти ‘’eDelphyn’’.До моето назначување како директор на Установата беше спроведен делумно т.е. само во Институтот за трансфузиона медицина Скопје, и веднаш беа превземени активности во смисла на обезбедување на соодветна опрема и обука на вработените во Центрите Тетово, Битола и Штип.Со тоа овозможивме информатичкиот систем за евиденција ‘’eDelphyn’’ во целост да се имплементира во сите Центри и во дел од Службите за трансфузиона медицина.Потребно е да се исполнат и одредени услови ( сме во набавка на специјални возила за транспорт на крв и обезбедување на возачи преку варботување со подршка од Министерство за Здравство) со што се заокружува процесот на имплементација на информатичкиот систем за евиденција ‘’eDelphyn’’ на ниво на Установата( Институт, Центри и Служби).
Во однос на точката за неподмирен долг од здравстените установи кои ги користат нашите услуги, последнава година со вклучување ( помош) и на Фондот за Здравстрвено Осигурување зголемена е наплататата на долговите и истите се намалени.Се надеваме дека во наредниот период ќе успееме целосно да се подмират долговите кон Установата.
За користење на службен телефон е изготвен правилник( акт) со кои се уредува правото на користење и лимитот и истиот во најкраток временски период ке се усвои од Управен Одбор.
Сакам да ја известам јавноста дека се превземени активности за корегирање на сите забелешки од Ревизорскиот извештај за кои е потребно време и дополниотелно ангажирање на персоналот се со цел на усогласување на работењето спрема законите и правилниците.
Д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија
Ново на Сител
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот