-->
-->
Изгубил контрола над возилото, а потоа удрил во 46-годишен работник од Кина и тешко го повредил
-->

На 15.06.2026 во 07:55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот во изграда Охрид - Кичево, кај с.Оровник, општина Дебарца, К.Ш.(32) од с.Корошишта, струшко, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во шахта, а потоа во Л.Ј.(46) од Народна Република Кина, со престој во с.Извор, кој извршувал работни задачи на автопатот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.Ј., додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ Охрид.
По наредба на јавен обвинител, возачот К.Ш. е лишен од слобода, а увид извршила увидна екипа на СВР Охрид. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
