Македонија
6. October 2019 - 21:44

Изгубил контрола и излетал од патот - тешко повреден Тетовец

На 06.10.2019 во 08.40 часот на автопатот Скопје - Тетово, пред Добарски натпатник, М.К.(25) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.