Македонија
22. July 2016 - 15:37

Изградбата на нови канализациони линии во Прилеп е во полн ек, ивестиција од над 26 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и прилепскиот градоначалник Марјан Ристески вчера извршија надзор на градежните работи при што од страна на Ристески беше посочено дека до сега се изградени над 150 километри водоводна мрежа и огромен број на километри нова канализациона мрежа, при што следува и изградба на колекторски систем, прочистетелна станица со што силно ќе се влијаее врз заштита на животната средина.

Истовремено освен инфраструктурните градежни проекти од типот канализациона, патна и водоводна мрежа се инвестира после повеќедецениска запуштеност и на објектот на прилепската болница. Таму во моментот се во тек градежни работи во износ од над 70 милиони денари, повеќе блокови се средени, а градежните работи продолжуваат во полн ек. Се инвестира во медицинските оделенија, со потребната опрема, во нови тоалети и инсталации. Тодоров посочи дека претходно условите биле значително лоши но преку системско инвестирање тие зналително се подобруваат.

Груевски ги посети и градежните работи кои се во полн ек во рамките на болницата во интерниот и женскиот дел на болницата.

Пациентите задоволни од извршената реконструкција истакнуваа дека комплетно е променета сликата за Прилепската болница кде годишно се опслужуваат илјадници пациенти.

Груевски истовремено потенцираше преку постојаната комуникација со граѓаните се дојде и до предлогот за нови вработувања во здравството.

До крајот на месецот следува нов оглас за нови 350 вработувања на доктори и сестри токму во прилепската болница.