Изградбата на автопатот Скопје-Штип согласно предвидената динамик

Изградбата на автопатот Скопје-Штип се одвива согласно предвидената динамика, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по увидот во градежните работи за изградба на локален пат помеѓу штипските села Врсаково, Долно Трогирци.
- Автопатот е долг 47 километри, предвидено е да чини 206 милиони евра и веќе 93 отсто од трасата е пробиена, а голем дел е и асфалтирана. Во моментов се работи на повеќе клучки, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој нагласи дека автопатот се гради согласно предвидената динамика и оти ќе биде завршен навреме.
- За неговата изградба се ангажирани речиси 700 работници, а покрај овој автопат во Македонија се градат или реконструираат три други автопати. Тоа се автопатите Охрид-Кичево, Демир Капија-Смоквица, а активно се реконструира автопатот од Смоквица до Гевгелија.Вкупно над 2.600 работници во моментов работат на изградба на автопатиштата во Македонија, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
