Македонија
15. February 2017 - 14:49

Изградба на „Снежен град“ на Попова Шапка од 20 февруари

Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје од 20-ти до 25 февруари на Попова Шапка ќе ја организира традиционалната манифестација за деца „Снежен град“. Од 25 февруари ќе организира и „Карван - Попова Шапка 2017“ -  еднодневни излети до Снежниот град. 

Градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од Скопје, Гевгелија, Виница и од Тетово. Тие ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, со кој ДКЦ „Карпош“ соработува во организирањето на манифестацијата. 

Снежниот град ќе биде отворен за посетители на 25 февруари во 11 часот, кога  ќе го претстават неговите градители и директорката на ДКЦ „Карпош“ Ружа Ѓорѓеска.