Изградба на нова водоводна мрежа во Камник
Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов извршија увид во градежните активности за изградба на нова водооводна мрежа во Камник во населба Ченто.
Како што соопшти општина Гази Баба, градоначалникот при посетата истакна дека новата линија е со должина од околу 700 метри, од кои првите 500 метри се со Ф-110 цевки, а останите 200 метри се со Ф 90. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.700.000 денари, од кои општина Гази Баба учествува со половина од оваа сума и е одговорна околу градежните работи, односно ископите, додека ЈП „Водовод и канализација“ учествуваат со обезбедување на материјал, односно обезбедување на цевки и нивно поврзување.
Со оваа инвестиција ќе се овозможи на жителите на ова населено место во иднина да немаат повеќе проблеми од овој вид и секако ќе им се овозможи поквалитетна вода за пиење. Во овој дел има околу 50 куќи.
Ново на Сител
-
СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот
-
Средба Сиљановска-Филипче во Вила Водно
-
Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност | ВИДЕО
-
Стареењето некогаш се случува забрзано
-
Јужнокореец условно осуден на затвор, намерно се здебелил за да избегне служење војска
-
Свеќи од роденденска торта предизвикаа пожар во кафуле во Атина
-
Гранати од Втора светска војна пронајдени во Гостивар
-
Загина 56 годишна жена од Гевгелија, со возило излетала од пат