Изградба на филтер станица во Општина Карбинци
Во Општина Карбинци се очекува наредната година да се изгради Филтер станицата, која ќе може да ја прими водата од Хидросистемот „Злетовица“. Градоначалникот на Општина Карбинци, Зоран Минов вели дека во тек е експропријацијата на земјиштето, каде што ќе поминуваат цеквите од Злетовица до Филтер станицата.
- Се надевам многу брзо ќе заврши експропријацијата. По што очекуваме да се распише тендер од страна на Министерството за транспорт и врски за изградба на Филтер станицата, која ќе биде лоцирана меѓу селата Карбинци и Радање, вели Минов.
Смета дека изградбата на Филтер станицата и донесувањето на водата од ХС „Злетовица“ ќе биде капитален проект за Општината, а со што жителите ќе добијат питка вода за пиење. Изградбата на Филтер станицата ќе чини 544.000 евра, од кои 440.000 евра ги обезбедува Министерството за транспорт и врски, а остантите над 100.000 евра ќе ги обезбеди Општина Карбинци. На Филтер станицата најприв ќе се приклучат жителите на селата Радање, Таринци, Карбинци и Долни Балван, а потоа ќе се гради водоводна мрежа и до останатите населени места.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци