Изградба на фекална и атмосферска канализација во Македонска Каменица
Општина Македонска Каменица ќе гради фекална канализација во должина од 1.400 метри во маалскиот дел на Стара Каменица. Градежните работи се очекува да почнат деновиве, а покрај фекалната канализација се предвидува и изградба на колектор, како дел од големиот проект со кој општина Македонска Каменица ќе гради и атмосферска канализација во централното градско подрачје.
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека општината ќе инвестира 16.711.423 денари, а работите треба да завршат до јули идната година.
- Со изградбата на фекалната канализација и за овие маала од Стара Каменица ќе се создадат предуслови и за изградба на прочистителна станица, со што трајно го решаваме проблемот со отпаднитево Македонска Каменица и заштитата на реката, истакна Митевски.
Тој додаде дека со решавањето на проблемот со атмосферската канализација и со издвојувањето на фекалната и атмосферската канализација се решава и хроничниот проблем со поплавите што се јавувал по секои пообилни врнежи.
- Активно течат работите и околу изградбата на атмосферска канализација. Целата атмосферска канализација од централното подрачје ќе биде канализирана со сливници кои ќе ја носат водата до Каменичка Река. Ќе се опфатат повеќе краци од централниот дел на Макрдонска Каменица, од улица „Каменичка“ преку „8 Септември“, „Осоговска“, „Гоце Делчев“, „Александар Македонски“ и по улица „Руенска“ водата ќе се носи во коритото на река Каменичка, со вкупна должина од над 1.200 метри, истакна Митевски.
Општина Македонска Каменица е прва општина во регионот која комплетно ќе го реши проблемот со атмосферските води.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен