Изгореа хемикалии во пожарот во тетовско Фалише, препорака да не се излегува од дома
Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.
-Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи.

-Се работи за голема количина на бои и лакови, и други хемикалии, зборував со сопственикот и се работи за голема количина можеби и 100 тона, не можат да утврдат колку точно колку средства имало во моментот. Од Министерството за животна средина побарав мобилна станица за мерење на загаден воздух, но немаат таква опрема. Стапивме во контакт и со Армијата од одделот за биолошко и хемиско оружје кои минатиопт пат кога имаше голем пожар ги искористивме за испитување на постоење на отрови во воздухот, изјави Ангелов.
Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.
-Спасена е куќата позади, пожарникари од цела држава дојдоа да помогнат. Опасност од проширување нема, огнот е ставен по контрола, прашање е време кога ќе се изгасне целосно, изкав Авни Амети.
Пожарот во магацинот на фирмата започна утринава околу 10 часот.
Ново на Сител
-

Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-

Двајца ученици паднале од електричен тротинет пред основно училиште - едниот е тешко повреден
-

65-годишна велешанка прегазена од товарно возило
-

Маж од Радовиш ги нападнал сопругата и малолетната ќерка
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Феxми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
