Македонија
4. November 2016 - 12:30

Изгоре стан во центарот на Скопје, двајца повредени

Рано утрово околу 05.30 часот во Скопје во стан на бул. „Кочо Рацин“, во кој како потстанари живееле М.А. (24) и Н.Т., избувнал пожар (најверојатно од грејно тело-греалка), при што станот целосно изгорел.
 
Пожарот е локализаран од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. М.А. и Н.Т биле пренесени во Ургентен центар Скопје поради труење со чад.
 
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.