Македонија
25. July 2019 - 8:24

Изгоре штала за добиток во Просениково

Во пожар кој избувна вчера околу 21 часот целосно изгоре штала во селото Просениково.

Според информации од командирот на ТППЕ Струмица. Александар Гудев, нема повредени лица, а добитокот е навреме извлечен.

Пожарот е изгасен, а во гаснењето учестувале три возила со 10 пожарникари.

Пожар вчера избувнал и на депонијата кај селото Босилово, кој со навремена интервенција е изгасен и не е дозволено негово проширување.