Изгоре кафуле во центарот на Прилеп - штетата над 200.000 евра
Во голем пожар рано утрово до темел изгоре кафуле во строгиот центар на Прилеп, а причинета е и штета на околните објекти.
Според Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица, повикот за огнената стихија го примиле во 3:33 часот и веднаш интервенирале. Станувало збор за голема, опасна стихија во строгиот центар на градот која можело да се прошири на повеќе соседни објекти.
Штетите се огромни и првично се проценуваат на преку 200.000 евра.
- Пожарот прво почнал од покриената настрешница на кафулето, па се проширила на целиот објект. Дури беа зафатени и соседните објекти, од едната страна менувачница, а од другата аптека. Кафулето е пеплосано. Увид направи полицијата за да се утврдат причините за овој голем пожар. За 25 минути пожарот беше ставен под контрола и за неполн час беше изгаснат. Интервенитравме со две возсила и четворица пожарникари, изјави Станкоски.
При настанувањето на пожарот објектот бил празен, но било ангажирано обезбедување. Неофицијално, постојат сомнежи дека пожарот можеби бил подметнат.
Ново на Сител
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
-

Седница на Советот на јавни обвинители, на дневен ред назначувањето вршител на должност на местото на Коцевски
-

Виткоф ги нарече мировните преговори за Украина „продуктивни и конструктивни“
