-->
-->
Изгоре дел од ладилник во кавадаречко Сопот
-->
Изгоре дел од ладилник во кавадаречкото село Сопот полн со грозје, пожарникари пет часа работеа на терен за да го стават огнот под контрола, потврдија вечерва за МИА од кавадаречката Територијална противпожарна единица.
- Попладнево пламени јазици зафатиле ладилник во селото. Се утврдуваат причините за пожарот како и настанатите штети, рекоа од Службата.
Од кавадаречката единица на местото биле две противпожарни возила со седум пожарникари. Ним на помош им дошле двајца пожарникари и едно возило од Фени индустри, едно возило со еден пожарникар од Неготино и цистерна со вода и работник од Комуналното претпријатие од Кавадарци. сд/вг/21:06
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција