Македонија
23. October 2019 - 21:23

Изгоре автобус на ЈСП кај Грушино, нема повредени

Автобус на скопското јавно транспортно претпријатеи ЈСП во вторникот околу пладне се запалил на релација кон селата Арачиново и Грушино, патниците биле безбедно евакуирани од возилото, информираше Министерството за внатрешни работи.

Во полициското одделение Арачиново, Р.Б. (33) од Скопје пријавил дека додека управувал автобус „ЛАЗ“, сопственост на ЈСП со бр.55-В, на релација Скопје – Арачиново – Грушино, во кој имало патници, настанал пожар во делот кај моторот.

Патниците безбедно слегле од автобусот, била повикана екипа од Бригадата за противпожарна заштита, која го локализирала пожарот, а автобусот бил целосно опожарен.