Изгласани измените на законите за образованието, наставата ќе се одвива непречено
Собранието на Република Македонија, вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на наставата во државата и во време на вонредни околности, каков што е случајот со пандемијата со Ковид-19.
Она што е важно да се напомене е дека со законските измени, за прв пат во државата, се овозможуваат исклучоци од редовниот воспитно- образовен процес и тоа во повеќе случаи: во услови кога има утврдена кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави, или други големи природни непогоди. Со законските измени се прават исклучоци во однос на започнувањето и завршувањето на учебната година за време на вонредни околности така што, учебната година може да започне и заврши и во време различно од времето кога вообичаено започнува учебната година, за што ќе одлучува Владата.
Во вонредни услови, со овие законски измени, наставата во основното и средното училиште ќе може да се организира со физичко присуство на учениците, или на далечина со примена на средства за електронска комуникација. Според измените на законите организирањето на наставата со физичко присуство на учениците ќе биде можно, само ако, се исполнети критериумите и условите согласно протоколите и планот за одржување на наставата за основните и средните училишта, донесени од Владата.
Измените на двата закона предвидуваат и наставниот час да трае пократко од 40 минути, заради поголема заштита на учениците кои ќе следат настава со физичко присуство. Со законските измени е предвидено и можност за кратење на наставните денови во учебната година од 180 на најмалку до 100.
Законските измени беа подготвени врз основа на студии од меѓународни организации како што се Светската здравствена организација (СЗО), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), Меѓународната фондација на Црвениот крст (ИФЦР) и истражувањата поврзани со КОВИД-19. Направените студиите, врз основа на статистичките податоци, ја потенцираат важноста на локалната епидемиологија при одлучувањето за настава со физичко присуство, но исто така и одговорното и совесното применување на мерките за превенција од КОВИД-19 во училиштата.
За успешно стартување на учебната година Владата веќе ги усвои Протоколите и Планот според кои во тек се подготовките во основните и средните училишта за почеток на наставата од први октомври годинава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците
-
Се следи состојбата со цените на пазарот