Македонија
26. May 2023 - 16:39

Изгласани измените на законите за договорот со Бехтел и Енка - во ист ден и пратеничките прашања

Владиниот пакет закони за изградба на коридорите доби зелено светло од Парламентарното мнозинство. Пратениците од власта со 63 гласа „за“ за секој поединечно дадоа дозвола да се продолжи со имплементацијата на договорот со Бехтел и Енка. Како што најавија Маја Морачанин од ДОМ и Љупчо Балковски од ВМРО Народпна иако дел од мнозинството, гласаа против петте закони. Опозицијата гласаше против со образложение дека кога ќе дојдат на власт оваа ситуација ќе биде ревидирана.

Изградбата на коридорите беше во фокусот и на седницата за пратенички прашања. Покрај обвинувањата дека власта ги погазила сите законски одредби и го занемари мислењето на Брисел, бараа одговор за високите слуми на пари кои ќе ги добијат консултантите на проектот. Премиерот вели дека проектот е клучен за регионот.

Со меѓусебни довикувања и навреди се дебатираше и за одлуката на Судот за човекови права за случајот 27 април.

10 пратеници од власта и опозицијата се пријавени за поставување на пратенички прашања.