Изгласан законот: Тротинети ќе смеат да возат само лица над 18 години

Собранието денес го изгласа Законот за регулација на лесните електрични возила (тротинети), со кој се воведуваат построги правила за нивно користење, информираше пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил.
Според новите одредби, старосната граница се зголемува и отсега само лица над 18 години ќе можат да управуваат со електрични тротинети.
Законот предвидува и построги казни за непрописно возење, вклучително пречекорување на брзината, возење под дејство на алкохол, како и превезување друго лице или малолетник на возилото.
За најтешките прекршоци се воведува и мерка привремено одземање на возилото до 30 дена, покрај паричните казни.
Милошоски на Фејсбук наведе дека целта на законските измени е намалување на сообраќајните незгоди и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
