-->
-->
Изгаснат шумскиот пожар над Битола
-->

Околу полноќ е изгаснат шумскиот пожар над Битола во познатата Лавчанска корија во атарот на селото Лавци, информираат од Територијалната против пожарна единица (ТППЕ)-Битола и појаснуваат дека со пожарот била зафатена површина од околу 10 хектари.
- Нашите екипи десеттина часови се справуваа со шумскиот пожар над Битола, во атарот на селото Лавци. Гореше нискостеблеста шума, но за жал изгоре бор и смрека што инидицира дека станува збор за потпалување, истакна Костадин Поповски, раковидител на ТППЕ-Битола.
Локацијата кадешто избувна шумскиот пожар над Битола е позната и традиционална рекреативна зона на голем број вљубеници на планината, но по вчерашниот пожар – опустошена, нагласуваат од ТППЕ-Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
