Изетбеговиќ: Пресудата во Хаг става печат на темен дел од историјата

Членот на босанското претседателство Бакир Изетбеговиќ денеска изјави дека пресудата за шестемина членови на раководството на босанските Хрвати за време на граѓанската војна става печат на еден темен дел од историјата.
Шесте хрватски политички и воени водачи од БиХ беа осудени на казни од 20 до 25 години затвор, а при изрекувањето на пресудата во Трибуналот во Хаг генералот Слободан Праљак на драматичен начин изврши самоубиство, пиејќи отров.
- Својата последна пресуда Трибуналот му ја изрече на Јадранко Прилиќ и на една група кои учествуваа во злосторничкото здружение и во политиката предводена од Фрањо Туѓман, изјави Изетбеговиќ.
Хрватските политичари и команданти беа осудени за организирање напади врз бошњачки цивили во Прозор и други места во Херцеговина, со цел да се создаде етнички чиста хрватска територија.
Бакир Изетбеговиќ, кој е син на поранешниот претседател на БиХ на Алија Изетбеговиќ, рече дека неговиот народ се соочил со концентрациони логори и злосторства кои нема да бидат заборавени. Изетбеговиќ изјави дека не предвидува конкретни мерки во однос на Хрватска по изрекувањето на пресудата и додаде дека е потребно самата Хрватска да доживее катарза во однос на војната.
Ново на Сител
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
