Изетбеговиќ ја поздрави одлуката на Белград да не го поддржува референдумот во Република Српска
Претседателот на тричленото претседателство на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, изјави дека одлуката на властите во Белград да не ја поддржат Република Српска во нејзината намера да спроведе „противуставен и противдејтонски референдум“ е одговорен чекор и знак за добра волја и зрелост на политиката на Белград во критичен момент, пишува белградскиот весник „Данас“.
-Уверен сум дека почитувањето на редот, утврден со Дејтонскиот мировен договор, претставува заеднички интерес на Босна и Херцеговина и Србија и е реална основа за зачувување на регионалната стабилност и мир, што е неопходна рамка за развојот на сите, изјави Изетбеговиќ, цитиран од регионалната телевизија „Н1“.
Весникот „Блиц“ пишува дека српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ вчера разговарале со најважните претставници на политичкиот живот во Република Српска.
Главна тема на разговорите било зачувување на мирот и стабилноста во регионот. Претседателот и премиерот истакнале дека политиката на Србија е да се почитува територијалната целост на Босна и Херцеговина, како и територијалната целост на Република Српска.
Николиќ и Вучиќ не му дале поддршка, но и на никаков начин не сакале да влијаат за промена на политичките ставови на легално избраните политичари во Република Српска по повод спроведувањето на очекуваниот референдум.
„Србија, независно од определените разлики во оценката на ситуацијата во регионот, секогаш ќе го поддржува српскиот народ, граѓаните на Република Српска и нејзините институции“, се наведува во соопштението на Вучиќ и Николиќ, цитирано од весниците.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер