Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ

Изет Меџити преку својот ФБ профил го извести претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери дека се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ.
Дозволете ми, како координатор на пратеничката група на Демократската унија за интеграција, напиша на неговиот ФБ профил Меџити, да изразам искрени честитки за вашата повеќе од конструктивна улога и вашата неприкосновена посветеност, што секогаш резултираше со ефикасност во работата на највисокото законодавно тело на РМ и придонесе за дополнителни демократски вредности во домот на демократијата.
– Инаку, таа, демократијата, секогаш не само што дозволува, туку и ја промовира и иницира дебатата, а со тоа и различното мислење, не само во општеството и во храмот на демократијата, републичкиот Парламент, туку дури и во рамките на еден политички субјект. Јас, во текот на овие 20 години активен политички живот, секогаш докажував дека сум приврзаник и бранител, без никакво двоумење во себе, на двата главни принципи на демократијата: гласот на слободната мисла и силата на гласот на мнозинството на гласачкото тело, објави тој.
Меџити на ФБ напиша дека различното мислење е повеќе од здраво за едно демократско општество, додека силата на гласот на мнозинство гласачи е главната одредница за концептуалноста на демократијата на сите нивоа.
– Од оваа причина, стоејќи достоинствено зад овие принципи, останувајќи силно зад личните ставови, досега често изразени во јавноста, дека во политичкиот субјект на кој припаѓам од првите денови на нејзиното основање, се развиваат случувања што на никаков начин не можат да одат во прилог на најголемата политичка сила на Албанците на РМ и што е уште поважно, ни во прилог на неприкосновениот лидер на Албанците, претседавачот г. Али Ахмети, но и заради не создавање на забуна ниту кај еден мој колега во Собранието, а од друга страна, со намера да дадам поширок простор на мојата интенција за подостоинствена елаборација на позицијата зад која силно стојам, Ве известувам дека се повлекувам од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, појаснува тој.
Најавува дека продолжува да биде, како што вели, гардиан на политиките и идеалите на претседателот Али Ахмети, како и на волјата на гласачите на ДУИ, кои во сите изборни циклуси, подвлекува Меџити, ни го дадоа најсилното оружје во наши раце, за да го оствариме она што го ветивме и за што сме се заложиле пред нив.
– Ова беше и ќе остане мој идеал, а не личните позиции и привилегии, објави на ФБ Изет Меџити.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
